речник контакт

Ќе биде ли осветена во мај црквата Св. Кирил и Методиј?

Единствено зависи од мајсторите кои ја фрескоживописуваат внатрешноста

Петар Печков

За оваа пролет, за овој 24 мај беше најавено дека ќе биде осветена новата црква во Велес, Св. Кирил и Методиј. Но дали тоа ќе се случи се уште е неизвесно, иако сите градежни работи се завршени и таа може да ги прима верниците. Владиката Агантагел сака тоа да се случи годинава, но дали така ќе биде зависи од мајсторите, тајфата на Ангел,  кои ги цртаат ѕидовите. 

Се надеваме дека тоа ќе се случи, но зависи од мајсторите и парите. Мајсторите кои ги фрескоживописуваат ѕидовите имаат уште многу работа. Досега имаат нацртано 600 м2 од 1600 колку што има во црквата и плус уште 400 од крстилницата. Ако тие завршат ќе се отвори. Готов е иконостасот, иконите, се работи на дворот. Ѕвоната и камбанариите се готови. Можевме да ја отвориме од пред две години, но сметам дека не е  во ред верниците да доаѓаат на празни ѕидови.  Потоа ќе пречеа луѓето, мајсторите да работат со скелиња. Вака кога ќе биде готова ќе ја осветиме да биде радост за цел град. Сакам  црквата да ја предадеме кога ќе биде готова – изјави Владиката Агатангел Митрополит на Повардарската Епархија.

Храмот почна да се гради на први јуни  2006-та.  Црквата ќе  служи само за венчавки, крштевања, не и за погреби. Тој потсети дека црквата на Св. Дамјан и Козма во двор на Болницата е готова, но не можат да најдат мајстори за живописување, оти  барале скапо за цртање.

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »